192
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска побара Русија да биде исфрлена од Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).
Во своето обраќање на состанокот на Организацијата за економска соработка и развој во Париз, тој рече дека не може да се зборува за продолжување на членството на Русија во ФАО, бидејќи таа земја, тврди тој, предизвикува глад за најмалку 400 милиони или можеби повеќе од една милијарда луѓе, пренесе Би-Би-Си.
Претходно денеска, Зеленски во телевизиско обраќање рече дека милиони луѓе би можеле да гладуваат поради руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море и рече дека светот е на работ на „страшна криза со храна“.