Украина дневно губи до 100 војници и има по 500 ранети

од Nikola Popovski
280 прегледи

Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников денеска изјави дека ситуацијата на фронтот е тешка и дека украинската армија секојдневно губи стотици војници.

Тој во објава на Фејсбук оцени дека западното оружје кое веќе пристигнало во Украина би било доволно да се победи која било војска во Европа, но не и руската, пренесува „Спутник“.

„Ситуацијата на фронтот е тешка. Секој ден умираат до стотина наши војници, а се ранети и до 500“, напиша Резников на Фејсбук (социјална мрежа која во Русија е забранета како екстремистичка).

Според него, украинската армија добила повеќе од 150 единици артилерија од 155 милиметри, како и неколку десетици повеќецевни ракетни фрлачи.

Резников додаде дека во новиот пакет воена помош од Запад, украинските сили добиле неколку стотици беспилотни летала, вклучително и ударни дронови.

„Нашите сили имаат значително количество оружје. Тоа би било доволно да се победи која било војска во Европа, но не и руската“, напиша Резников.

Слични содржини