Шефот на дипломатијата, Бујар Османи вечерва потврди дека при последната посета на Македонија, неговата бугарска колешка Теодора Генчовска побарала Првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ и отворањето на поглавјата од преговорите, да почнат по внесување на Бугарите во Уставот.
-Точно е дека тоа беше бугарско барање и тука премиерот Петков е коректен дека има такво барање. Но нема договор, бидејќи за нас тоа е неприфатливо. Ние мислиме дека треба да е обратно. Нема дилеми дека треба да се направи, но во однос на чекорите сметаме дека треба да е обратно. И се заклучи дека треба да се врати секој во своите централи. Ние сметаме дека преговрачката рамка треба да биде заедно со меѓувладината конференција, а потоа да влеземе во уставни измени, порача Осман во емисијата „Само вистина“.