240
Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт го советуваше својот сонародник Френки де Јонг да не се двоуми туку да замине во Манчестер Јунајтед.
Според информациите, англискиот клуб и Каталонците се договориле за цената (80 милиони евра), но самиот играч се уште не донел одлука.
„Да бев на местото на Френки, ќе одев во Јунајтед“, изјави ван дер Варт за Ziggo Sport. – Во Барса има играчи кои можат да го направат истото, а и подобро од него. Додека другите играчи за кои станува збор се тука, нема место за Де Јонг во Барселона“.
Шпанците се надеваат дека ќе го продадат играчот од средниот ред не затоа што не им се допаѓа, туку затоа што им требаат пари.