Седум безживотни тела пронајдени на автопат во Мексико

од Берта Китинска
206 прегледи

Федералниот обвинител на мексиканската држава Сан Луис Потоси соопшти дека на автопатот во близина на општината Аквисмон се пронајдени седум безживотни тела, јавуваат мексиканските медиуми.

Телата беа пронајдени во четвртокот попладне на автопатот Валес-Риоверде, во близина на влезот во Ел Хабали Еџидо, кој припаѓа на општината Аквисмон.