Канадскиот пејач и светска поп ѕвезда, Џастин Бибер откри од што боледува и дека ситуацијата е многу сериозна.
Џастин им се обрати на своите следбеници преку Инстаграм и ги кажа сите детали во шокантно видео. Пејачот се бори со вирус, кој му ја парализирал десната страна на лицето.
Бибер им открил на обожавателите дека му бил дијагностициран синдромот „Ремзи-Хант“.
Тој рече дека вирусот му фатил нерв во увото, што предизвикало парализа, а на видеото се гледа дека не може да ја движи едната страна од лицето или да трепне.
Џастин им се извини на фановите и го привлече вниманието на фактот дека неговата ситуација е сериозна.
Синдромот „Ремзи-Хант“, познат и како окуларен зостер, е вирусна инфекција на фацијалниот нерв што се јавува кога инфекцијата со херпес зостер влијае на тој нерв.