Ручек со зеленчук и месо кој брзо се подготвува.
Состојки:
– 2 тиквички
– 1 пиперка
– 250 гр мелено месо
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 100 мл пире од домати
– 2 лажици масло
– сол, бибер, оригано
– 50 гр кашкавал за посипување
Подготовка:
Подгответе ги сите состојки и премачкајте ја тавата со малку масло.
Исечете ги тиквичките на половина и направете вдлабнатина и внатрешниот дел исечете го на ситни парчиња.
Загрејте го маслото и испржете ги двете лукчиња, додадете го меленото месо и кратко пропржете. Потоа додадете ја пиперката, ситно сечканата тиквичка во средината и пропржете неколку минути.
Додадете пасирани домати, зачинете со сол, бибер и оригано. Потоа динстајте неколку минути.
Со оваа смеса наполнете ги тиквичките, посипете со лашкавал и печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.
Добар апетит!