Милевски пред Гибралтар: Голем број од играчите се исцрпени, наша обврска е да дадеме максимум

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски и капитенот Енис Барди одржаа прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Гибралтар на Националната арена „Тодор Проески“ од 4. коло во групата од Лига на нации.

„Александар Трајковски нема да биде во комбинација поради повреда, Елмас е под знак прашалник, имаме неколку играчи кои исто така се неизвесни за настап поради настинка. Голем број од играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено, во кој состав ќе истрчаме на терен, ќе мора да почекаме сите заедно да видиме кој ќе биде подготвен. Сите фудбалери конкурираат за настап, што се однесува до Етеми, тој може да дебитира на овој дуел, изјави Милевски.

Наша обврска е, според Милевски, да бидеме на нивото и да го даваме максимумот.

„Мора да се стават сите во функција на тимот и да бидат на нивото кое се очекува код нас. Имаме почит кон секој противник, тоа се однесува и на утрешниот натпревар. Ние бевме доминантни на претходните натпревари, но мора да бидеме многу повеќе конкретни во завршната фаза“, истакна тој.

Слични содржини