Се е подготвено, часовникот полека отчукува и носи еден од најголемите трансфери ова лето. Уругваецот Дарвин Нуњез наскоро ќе стане фудбалер на Ливерпул, објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо.
Сагата за трансферот на Нуњез од Бенфика во Ливерпул трае веќе неколку дена, но двата клуба релативно брзо се договорија. Како што се наведува, Ливерпул за услугите на фудбалерот ќе плати 80 милиони евра, додека Бенфика преку бонуси ќе добие уште 20.
Нуњез беше голема желба на Манчестер Јунајтед, сепак не беше постигнат договор, што Ливерпул мирно го чекаше и го реализираше. Слично на она што го направи минатата зима, кога го купи Луис Дијаз поради „нечкањето“ на Тотенхем.
Уругваецот има многу добра сезона зад себе, одигра 28 натпревари за Бенфика и постигна дури 26 гола во првенството, додека на 10 натпревари во Лигата на шампионите постигна дури шест гола, со што покажа за каков напаѓач се работи.