„Премиер на идна Западна Бугарија“: Сарказам за Бугарија и иронија за ЕУ

од Берта Китинска
223 прегледи

Лавина од реакции предизвика моментот кога албанскиот премиер, Еди Рама на германскиот канцелар Олаф Шолц му го претстави Димитар Ковачевски како „премиер на идна Западна Бугарија“.

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис по самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) на кој присуствуваа лидерите од регионот, како и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, организираше коктел за учесниците, на кој присуствуваше и македонскиот премиер – Димитар Ковачевски.

На снимки од коктелот, кои ги пуштија грчките медиуми, може да се слушне како Мицотакис на Шолц му го претставува Ковачевски како премиер на Северна Македонија.
Потоа сепак од позадина доаѓа албанскиот премиер, Еди Рама кој, на шега, кажа дека Ковачевски е премиер на државата која во иднина ќе биде Западна Бугарија.

Сарказам за Бугарија и иронија со Европската унија значела шегата на албанскиот премиер, Еди Рама кога пред германскиот канцелар Олаф Шолц го претстави македонскиот премиер Димитар Ковачевски како премиер на идна Западна Бугарија.

-Тоа е сарказам за Бугарија и иронија со Европската Унија. Неформална – изјавиja за ТВ21 од кабинетот на премиерот Еди Рама.

„НА ПОНИЖУВАЊАТА ИМ НЕМА КРАЈ!“

По повод случувањата меѓу Еди Рама и Димитар Ковачевски во кој албанскиот премиер пред германскиот канцелар Олаф Шолц го преставува премиерот на Македонија како „иден премиер на Западна Бугарија“, со статус на „Фејсбук“ се огласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Еди Рама државата ни ја нарекува ,,идна западна Бугарија” , а премиерот Ковачевски се смее слатко! Тоа што го кажува Рама значи дека Македонија ќе биде окупирана од Бугарија и ќе стане ,,западна Бугарија” . И на тоа првиот човек на Македонија која се понижува пред негови очи и уши од Еди Рама слатко се смее! Се смее! Какво понижување, какво газење на се што е Македонија! ОСТАВКА ВЕДНАШ! И ве повикувам сите за една недела од денес да ни се приклучите на ГОЛЕМИОТ СЕНАРОДЕН МИТИНГ за рушење на оваа ненародна Влада која ја понижува МАКЕДОНИЈА!18ти ЈУНИ СИТЕ ПРЕД ВЛАДА! ОСТАВКА И ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ!“, стои во објавата на Николоски.

Од СДСМ се огласија по повод ситуацијата на Рама и Ковачевски за време на самитот во Солун. При поздравот на канцеларот Шолц со Ковачевски, Рама од позадина дофрлуваше дека тоа е премиерот на „идната Западна Бугарија“.

Од СДСМ велат дека иронијата и сарказамот на Рама се познати, но никогаш не биле насочени кон нашата земја.

„Неговиот сарказам и иронија се јавни и познати, но, не се и никогаш не биле насочени кон нашата земја, напротив“, кажаа од СДСМ.

Слични содржини