Бадијала ВМРО-ДПМНЕ извртува иронични изјави на Рама, ставот на Ковачевски е јасен, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba
188 прегледи

„Бадијала ВМРО-ДПМНЕ извртува иронични изјави на премиерот на Република Албанија Еди Рама чиј сарказам е насочен кон блокадата на Бугарија кон интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“, соопштија од Бихаќка.

„Ништо не го менува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ како членка на Европската народна партија дала поддршка на усвојувањето Резолуција која е спротивна на државните позиции и тоа усвоена на Конгрес на ЕПП на кој учествувал лично и Христијан Мицкоски.

Ставот и на СДСМ и на премиерот Димитар Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, на нашите позиции и интеграцијата во ЕУ се добро познати и на домашната и на меѓународната јавност.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат да дејствуваат штетно по државните интереси, продолжуваат со обидите да го загрозат евроинтегративниот процес. Таквите обиди за деструкција одново ќе бидат поразени“, додаваат од партијата на власт.

Слични содржини