Откако неговата шега за премиерот на РСМ. Димитар Ковачевски, кој го нарече иден премиер на Западна Бугарија, предизвика негативни реакции во јавноста, премиерот на Албанија, Еди Рама реагираше на Твитер.
-За смеење и плачење е хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Македонија од Бугарија! Кафанска кавга среде чадот од ќофтињата, стои во Твитер објавата на албанскиот премиер Еди Рама.
Për të qeshur dhe qarë histeria e disave në Shkup ndaj kryeministrit Kovaçevski, pas publikimit të videos së duarshtrëngimeve me Kancelarin Scholz në Selanik, ku ironizova bllokadën e shëmtuar ndaj Maqedonisë së Veriut nga ana e Bullgarisë! Sherr mejhaneje mes tymit të qofteve🤮 pic.twitter.com/x9jzAyD3AE
— Edi Rama (@ediramaal) June 12, 2022