436
АКО барате мотивација да одите во теретана, можеби ќе најдете инспирација во Никол Кидман. Познатата актерка со своите витки и затегнати нозе мами воздишки и на 55 години.
Кидман позираше за еден магазин и го истакна својот главен атрибут во мини здолниште, а со краток клип објавен на Инстаграм ги заинтригира своите фанови да се запрашаат која е тајната на нејзиниот фантастичен изглед.
За среќа, поранешната сопруга на Том Круз со задоволство одговара на прашањата на новинарите на оваа тема. Така, во една прилика открила дека нејзиното здравје е на прво место.
„Ако не си здрав, немаш ништо“, рече таа и додаде дека ужива во активностите на отворено.