Зеленски: Се водат жестоки битки за секој метар од Северодоњецк

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Украинските војници жестоко се борат за секој метар од Северодоњецк, изјави синоќа украинскиот претседател Владимир Зеленски, во време кога руските сили го уништија мостот на реката, по што цивилите останаа со само еден излез, пренесува „Ројтерс“.

Северодоњецк стана епицентар на големите битки за контрола на украинскиот регион Донбас, а руската војска го освоила поголемиот дел од градот.

„Клучната тактичка цел на окупаторите не е променета: тие го напаѓаат Северодоњецк, таму се водат силни битки, буквално за секој метар“, изјави украинскиот претседател.

Слични содржини