Дешан загрижен за Гризман: „Не е во форма“

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, призна дека е загрижен за моменталната форма на една од ѕвездите на тимот, Антоан Гризман. 31-годишниот играч на Атлетико Мадрид има постигнато само три гола во Примера, најмалку во неговата кариера. Дешан има верба во играчот, но е загрижен за неговата неефикасност.

„Знаев дека не може да издржи 90 минути на тие натпревари“, коментираше тренерот, мислејќи на минатите натпревари од Лигата на нациите.

„Антоан не е во најдобра форма. Тоа се гледа од неговиот настап и неговото влијание врз динамиката на играта“, додаде Дешан пред претстојното гостување во Хрватска вечерва.

И тренерот и уште еден француски репрезентативец, Карим Бензема, го поддржаа Гризман дека ќе се врати во старата физичка форма. Антоан Гризман беше стартер во сите натпревари на Франција на ЕП 2020 и останува клучна фигура во тимот.

Франција овој месец забележа пораз и две нерешени натпревари во Лигата на нациите.

Слични содржини