Железничка несреќа во Шпанија, повредени 22 лица

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Несреќа се случи во североисточна Шпанија кога регионален патнички воз и локомотива директно се судрија, при што беа повредени 22 лица, соопштија денеска властите во земјата.

Регионалната влада на североисточна Каталонија објави дека пет од 22 лица се во тешка состојба, пренесува АП.

Шпанската железничка инфраструктура Адиф соопшти дека локомотивата имала проблем со сопирачките, а истрагата за судирот е во тек.

Слични содржини