Франција: Топлотен бран оваа недела, температури до 40 степени

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Поголемиот дел од Франција оваа недела ќе биде зафатен од топлотен бран со температури до 40 Целзиусови степени, а во Париз можна е температура од околу 37 степени, објави француската метеоролошка служба.

Тамошните медиуми денеска јавија дека високата температура ќе биде од среда до сабота, а топлотниот бран најмногу ќе го зафати јужниот дел на Франција. До 40 степени ќе има во Тулуз, Бордо, Бијариц и Лион.

Посеверно температурата ќе биде нешто пониска со околу 37 степени во Париз и Рајна, додека Лил како најсеверен град ќе забележи околу 34 степени.

Топлотниот бран доаѓа од Португалија, соопштија метеоролозите и додаваат дека и ноќите ќе бидат топли.

Слични содржини