„Политико“: Европската комисија ќе препорача Украина да добие кандидатски статус

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Европската комисија ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја кандидат за членство во ЕУ, пишува бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори.

Еврокомесарите разговараа за ова прашање вчера, а по ненадејната посета на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лејен во саботата на Украина.

„Европската комисија не заборава дека Украина е единствената земја во Европа каде што умираат луѓе, каде што се пука на луѓе на улица затоа што носат знамиња на ЕУ“, изјави висок претставник на ЕК.