Папата Франциск: Поделбата на „добри и лоши“ во украинскиот конфликт е погрешна

од Stefanija Kuzmanovska
287 прегледи

Папата Франциск одби да направи поделба на „добри и лоши“ во војната во Украина и рече дека такво нешто би било поедноставено и погрешно, пренесува денеска „Ројтерс“, повикувајќи се на извештајот на италијанскиот весник „Ла Стампа“.

Како што е наведено, на прашањето дали е благонаклонет кон претседателот Владимир Путин, папата одговорил: „Не, не сум, едноставно се противам на сведувањето на сложеноста на разликата помеѓу добро и лошо“.

„Ситуацијата не е црно-бела и војната на некој начин беше испровоцирана“, додава тој.

Слични содржини