Португалскиот премиер: Дебатата за кандидатурата на Украина во ЕУ ​​може да создаде поделби

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Португалскиот премиер Антонио Кошта денеска предупреди дека дебатата за кандидатурата на Украина за членство во Европската унија може да создаде внатрешни поделби и „лажни очекувања“.

„Најдобрата поддршка што Европската унија може да ѝ ја даде на Украина е да го зачува нејзиното единство“, рече Коста, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој најави дека неговиот фокус на следниот Европски совет ќе биде да добие јасна посветеност за поддршка и изградба на долгорочна платформа за закрепнување на Украина.