288
Поранешниот голгетер на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, Луис Суарез му е понуден на Јувентус и клубот размислува дали да го привлече, тврди „Газета дело спорт“. Напаѓачот сега има 35 години и е слободен играч по разделбата со мадридскиот тим.
Суарез пред две години беше на чекор од Јуве кога Барселона се откажа од него. Полагаше дури и тест по италијански јазик, кој во меѓувреме се покажа дека е „договорен“.
На крајот, зделката пропадна и Уругваецот потпиша со Атлетико и му помогна на тимот да ја освои титулата во Ла Лига.
На „бјанконерите“ секако им е потребен офанзивен играч откако си замина Пауло Дибала.