Нафтата поскапе на 124 долари за барел

од Nikola Popovski
202 прегледи

Цените на нафтата пораснаа денеска бидејќи ограничената глобална понуда ја потисна трговската загриженост дека евентуалната рецесија и рестриктивните мерки во Кина за спречување на Ковид ќе ја погодат побарувачката.

Глобалната референтна нафта Брент за јулска испорака (фјучерс договори) поскапе за 1,6 долари или 1,31 отсто на 123,9 за барел.

Американската нафта WTI скокна за 1,53 долари или 1,27 отсто, па денес барелот чини 122,5 долари.

Недоволното пазарно снабдување со нафта се влоши поради падот на извозот од Либија поради политичката криза во земјата, што влијае на производството и пристаништата. На другите производители од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), исто така, им е тешко да ги исполнат производните квоти, додека Русија се соочува со нафтено ембарго.

Слични содржини