Тетовска противпожарна служба денеска добила донација во вид на противпожарни скали во висина од 21 метар. Донаторот е Блерим Селмани од гостиварското село Ѓурѓевиште кој живее и работи во Швајцарија.
-Му се заблагодарив на донаторот Блерим Селман од гостиварското село Ѓурѓевиште, кој живее и работи во Швајцарија, како и на командантот Ука Алити, кои со својата демонстрирана конструктивност, за потребите на ТППЕ Тетово , обезбедија донација од два пара скали со ескалатор со висина од 21м, кои ќе се употребат во гаснење пожари во повеќекатниците. Со тоа значително ќе се олесни пристапот, но ќе се зголеми и успехот и брзината на дејствување при гаснењето на пожарите во висококатниците.
Им благодарам на фирмата „Алберти“ од Струга што ги донесе во Тетово, како и на компанијата „Була Транс“ за истоварот со специјална машинерија. Скалите се во употреба и од денеска се во сопственост на општина Тетово, информира градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.