Алијанса на Албанците бара од Владата и министерот за економија Крешник Бектеши да ги прифатат предлозите за намалување на акцизата и ДДВ-то на горивата.
-Сега е време да се прифатат нашите предлози. Потсетуваме, АА предлага намалување на ДДВ од 18% на 5%, намалување на акцизата на бензините од 22,00 денари на 15,00 денари и на дизелот од 15,50 денари на 9,00 денари, како и намалување на трговска маржа во фиксна вредност не повеќе од 3,00 денари.
Секој ден доцнење значи поголемо поскапување на горивата и потоа секоја преземена мерка нема да има олеснителен ефект за граѓаните. Бектеши со денешната изјава очекува цената да оди на 150 денари и потоа да се намали на 120 денари за литар. Ова не е намалување, туку грабеж и измама на граѓаните, стои во соопштението на Алијанса за Албанците.