Бесими: Владата има опција за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата

од Nikola Popovski
287 прегледи

Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва изјави дека во законот се ставени како можности намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата.

-Владата има опција доколку оцени кога да ги активира тие можности. Сега од друг аспект е клучно што кризата ќе трае и ние треба да обезбедиме дека ќе имаме доволна кондиција во Буџетот за издржување на оваа криза. Распределбата од ефектите мора да биде рамномерно. Мора да бидат мерките потаргетирани и поефикански, бидејќи тие се пари на граѓаните, доколку сакаме Буџетот да издржи, рече Бесими во вестите на ТВ Сител.

Според него во моментов се прават калкулации за парите од ММФ и еврообврзницата.

Слични содржини