Светската здравствена организација (СЗО) работи со експерти за да се најде ново име за мајмунските сипаници.
СЗО се одлучи на овој чекор откако повеќе од 30 научници минатата недела апелираа за итна потреба од име кое „нема да ја потхранува дискриминацијата и стигматизацијата“.
Како што наведоа, вирусот често во јавноста се нарекува африкански, а тоа е „погрешно и претставува дискриминација“.
Во последните недели во светот се пријавени околу 1.600 случаи на оваа болест.
Во земјите каде што претходно постоеле мајмунски сипаници биле пријавени 72 смртни случаи, но немало смртни случаи во 32 земји каде за прв пат е забележана инфекција.
Во втората група спаѓа Велика Британија.
СЗО вели дека следната недела ќе одржи итен состанок за да утврди дали епидемијата треба да се класифицира како вонредна ситуација од меѓународно значење, што е највисок степен на тревога во областа на јавното здравје.
Единствени други болести за кои досега е прогласен ваков аларм се свински грип, детска парализа, ебола, зика и Ковид-19.
„Појавата на мајмунски сипаници е невообичаена и загрижувачка“, рече Тедрос Гебрејесус, шеф на СЗО.
Фото: Shuterstock