255
Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава 121 долар. Пред речиси еден месец барелот беше на ниво од околу 110 долари и помалку.
Цените на нафтата го забрзаа растот во текот на изминатата недела, бидејќи инвеститорите ги проценуваат изгледите за понудата и побарувачката поради американската летна сезона и излегувањето на Кина од блокадата на Ковид.
Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот денес е околу 21.027 долари, што е пад од речиси 6,7% во споредба со вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.
Цената на пченицата од утрово паѓа. Цената на пченицата е 1.050 долари за тон, што е намалување за речиси 2 отсто во однос на вчера.
Цената на пченката е 768 долари.