258
Не верувам дека ќе има поголеми проблеми при изборот на нов лидер на ДПА, не сум одлучил дали ќе се кандидирам, вели лидерот на ДПА, Мендух Тачи за Утрински брифинг во врска со изборот за нов лидер на пратијата.
-Сега е ситуација кога јас морално би се чувствувал лошо ако им кажам на моите луѓе „јас се повлекувам чао“ тоа би изгледало како капетанот на бродот кој тоне па прв се спасува. Политичката сцена кај Албанците многу ќе се промени. Сметам дека малите политички групации брзо ќе изчезнат, вели Тачи.