Денеска и утре не е закажана собраниската Комисија за финансирање и буџет на чијшто дневен ред овие денови е Ребалансот на буџетот.
Сега ребалансот на Буџетот чека, а со тоа се чека на повеќе пари за плати, пензии, покачување на платите во образованието, полицијата и нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните од глобалнара криза.
Прашањето е зошто?
Според информации од пратениците во Собранието причината за неработата на Комисијата за финансирање и Буџет е поради тоа што и претседателот на комисијата и неговата заменичка се надвор од државата. На службено патување.
Претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Заменичка е пратеничката од истата партија, Марија Петрушевска. (https://www.sobranie.mk/detali-na-komisija.nspx?param=9ad730e8-3b8c-46af-b187-87b3f38205a3)
Според информациите Стојаноски е на патување во Египет, а Петрушевска во Женева.
Зошто двајцата клучни луѓе за да може да работи Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО – ДПМНЕ Стојаноски и Петрушевска, избрале службено патување пред работа на комисијата и усвојување на ребалансот останува да видиме?
Пратениците се избрани од граѓаните и во својата работа очекувањата се дека на прво место ќе ги стават интересите на граѓаните. Во време на криза особено е важно Собранието да носи ефикасни и брзи одлуки.