По шест сезони во Реал Мадрид, веројатноста Марко Асенсио да го напушти клубот не е мала. Напаѓачот има договор за само уште 12 месеци и е подготвен повторно да потпише, но не е задоволен од понудата што му ја упати раководството. Според „Марка“, понудата до него е за горе-долу иста плата, што не му се допаѓа.
Асенсио верува дека заслужува да зема повеќе и поради оваа причина е можно да ја промени средината. Според информациите за него се заинтересирани Арсенал, Милан, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Њукасл.
Сепак, нема индиции дека Реал е подготвен да ја зголеми својата понуда. Асенсио е разочаран што во исто време европскиот шампион лесно постигна договор со Лука Модриќ и Виничиус Жуниор, а исто така се согласи да плати најмалку 80 милиони евра за Орелијан Чуамени.
Шпанскиот репрезентативец минатата сезона постигна 12 гола и 2 асистенции, а 10 негови голови се во Ла Лига.