Дембеле дефинитивно ја напушта Барселона

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Фудбалерот на Барселона и повремениот француски репрезентативец, Усман Дембеле ја одбил понудата за продолжување на договорот со каталонскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.

Челниците на Барселона повеќе не сакаат да преговараат со францускиот фудбалер околу продолжување на соработката, а како што пренесува шпанскиот весник „Мундо депортиво“, кариерата на Дембеле во каталонскиот клуб е завршена.

Дембеле (25) пристигна во Барса во 2017 година од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра, со можен бонус од 40 милиони евра. Тој без обештетување ќе го напушти тимот од „Ноу Камп“.

Францускиот фудбалер одигра 150 натпревари за каталонскиот клуб и постигна 32 гола.

Слични содржини