Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска ја повика Европската унија да ги заостри санкциите кон Русија и тврди дека руските сили би можеле да нападнат други земји по инвазијата на неговата земја.
Зборувајќи пред двата дома на чешкиот парламент преку видео врска, Зеленски тврди дека територијалните амбиции на Русија се протегаат од Варшава до Софија, пренесуа Ројтерс.
„Русија не е заинтересирана само за нашите градови Мариупол, Северодонецк, Харков и Киев. Не, нејзините амбиции се фокусирани на огромна област, од Варшава до Софија“, рече украинскиот претседател, без да обезбеди докази за своето тврдење, додава Ројтерс.
Зеленски ја повика Украина да го отвори патот за членство во ЕУ.
„Да и се даде кандидатски статус на Украина во моментов значи докажување дека европското обединување е реално и дека европските вредности навистина функционираат и дека тие не се само прецизирани во одредени документи“, рече Зеленски, пренесува Ројтерс.
Според него, чешкиот народ, по нацистичката германска окупација за време на Втората светска војна и деценијата на советската доминација по војната, знае како завршува компромисот и што следува по отстапките за тиранијата.
Човек кој сака да зграпчи сè, никогаш нема да се задоволи само со дел од она што го сака“, вели Зеленски, пренесува британската агенција.