Захарова: Кина не си пука во нога, додека западно од Москва си пукаат во глава

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во средата телефонски разговарал со кинескиот лидер Си Џинпинг, соопшти прес-секретарот на шефот на државата Дмитриј Песков. Според него, Си Џинпинг позитивно ја оценил соработката меѓу Москва и Пекинг.

Според Кремљ, тие се договориле за проширување на економската соработка во услови на западни санкции кон Русија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го коментираше разговорот, зборувајќи за обидите на западните земји да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас.

„Кина знае што сака и не си пука во нога. Додека западно од Москва си пукаат во глава. Западот се изолира од нас“, им рече Захарова на новинарите.

Таа рече дека Русија претходно имала стабилен однос кон „т.н. западни партнери“, но рече дека Западот „го отфрлил ова партнерство и соработка што е од заеднички интерес“.

„Сите основни принципи на кои се засноваат стратешката стабилност и безбедност се поткопани. Сè е уништено од самиот Запад“, рече таа.

Слични содржини