145
Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 118 долари, што е намалување во однос на вчерашниот ден кога цената беше 121 долар. Пред четири недели, барелот беше околу 110 долари или помалку.
Пазарот на криптовалути од утрово е во „зелено“. Вредноста на биткоинот денес изнесува 22.080 долари, што е зголемување од речиси 4% во однос на вчера. Состојбата кај другите криптовалути, исто така, се подобрува.
И цената на пченицата паѓа. Таа е 1.050 долари за тон, што е пад од околу 1 процент во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 774 долари, што е слична вредност како вчера.