Аргентинскиот играч за врска на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес зборуваш за својот соиграч во францускиот клуб и репрезентацијата – Лионел Меси во пресрет на Светското првенство во 2022 година.
„Гаучосите“ се прогласени за фаворит број 1 за освојување на трофејот, кој се уште го нема во витрините на светската фудбалска мегаѕвезда.
„За нас е важно Меси да се чувствува добро, да е среќен и да ужива да игра на теренот. Тој знае дека ова може да биде негов последен Мундијал. Убаво е да се победуваме, да бидеме тоа што сме“, изјави Паредес.
Аргентина е во прелиминарната група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.
Светското првенство ќе се одржи во необичен период од годината – помеѓу 21 ноември и 18 декември во Катар.