Соработник на Зеленски: Само во Донбас секој ден умираат до 100 војници, ни недостига оружје

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Околу 1.000 украински борци гинат на бојното поле во Донбас во источна Украина, пренесува порталот „Аксиос“, повикувајќи се на податоци на висок украински функционер.

Како што се наведува, проблем е и воената опрема која е се помала, па се поставува прашањето до кога Украина ќе може да издржи на бојното поле.

Порталот потсетува дека украинскиот претседател Владимир Зеленски изјавил дека само во Донбас секој ден умираат до 100 војници, но таа бројка е многу поголема последниве две недели.

– Украина досега регрутирала околу милион свои граѓани и има капацитет да регрутира уште два милиони луѓе – изјави најблискиот соработник на Зеленски, Давид Арахамиј, кој ги водеше преговорите со Русија.

Она што ѝ недостига на Украина, тврди Арахамиј, е оружје и трпение за да и се спротивстави на Русија во „еден од најголемите конфликти на 21 век“.

– Имаме луѓе кои се обучени за напад, за контранапад, но за ова ни треба оружје – рече Арахамиј и додаде дека украинската преговарачка позиција е всушност прилично слаба и затоа не сакаат да бидат на преговарачка маса.

Патем, советникот на Зеленски ја предводи украинската делегација во Вашингтон оваа недела за да лобира кај администрацијата на Бајден и Конгресот за поголема испорака на оружје.

„Во меѓувреме, сојузниците на Украина во Европа почнуваат да се фокусираат на обновување на нивните воени резерви, а не на вооружување на Украина“, рече Арахамиј.

Украина смета дека причината за тоа е стравот од Русија.

Тој изјави и дека санкциите не ја засегаат Русија во голема мера поради високите цени на нафтата и дека нивните ефекти ќе се почувствуваат само за три или четири години.

– А прашање е што ќе се случи со нас за три или четири години – заклучи украинскиот преговарач.

Од друга страна, генералот на американската армија Марк Мили не сакаше да ги открие американските проценки за тоа колку Украина губи војници дневно, објаснувајќи дека тоа е тешко да се процени, а во претходните медиумски извештаи се споменуваа 100 убиени и 300 ранети дневно, што беше во согласност со нивните проценки.

Мили рече и дека Русија претрпе огромни загуби и дека Украина се бори.

Слични содржини