Медведев ги исмеа европските лидери: Љубителите на жаби, колбаси и шпагети го посетуваат Киев

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се потсмеваше на посетата на неколку европски лидери на Киев, нарекувајќи ги бескорисни во твит со исмејување на националните стереотипи.

„Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, напиша тој алудирајќи на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.

„Како пред 100 години“

Медведев беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а моментално е заменик-претседател на Советот за национална безбедност. Од почетокот на руската инвазија тој на својот Твитер профил ги исмева изјавите на европските политичари.

Посетата на лидерите „нема никаква корист“, напиша тој. „Тие ѝ ветија членство во ЕУ и стари хаубици на Украина, зашеметени од горилка (украински алкохол) и патуваа со воз, како пред 100 години. Да, тоа нема да ја приближи Украина до мирот. Часовникот отчукува“, напиша тој.