Пикантна салата со пилешко

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Салата со пилешко бело месо и чили.

Состојки:

– 250 гр пилешко бело месо

– 3 домати

– 1 пиперка

– 1/2 кромид

– 1 лажичка сос од домати

– 1/2 лажичка чили во прав

– малку рендано сирење

– маслиново масло

– зелена салата

Дресинг:

– 2 лажици маслиново масло

– 1 лажица балсамико оцет

– 1 кафена лажичка сенф

– сол, бибер

Подготовка:

Исечете го месото на парчиња. Посолете и пропржете на масло заедно со ситно сечканиот кромид. Доволни се околу пет минути.

Потоа додадете малку вода, 150 милилитри, измешајте со сосот од домати и динстајте околу пет минути.

Доматите и пиперките исечкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во подлабок сад.

По ваш избор можете да додадете и зелена салата.

Измешајте ги сите состојки за дресингот и прелијте го врз салатата, додадете го ренданиот кашкавал и убаво измешајте.

Во садот за сервирање прво ставете ја салатата, а потоа додајте го месото заедно со динстаниот сос. На крај додадете уште малку рендано сирење и малку бибер.

Слични содржини