Веќе губиме 4:0 од Бугарија, треба план за второто полувреме, вели Мицкоски

од Nikola Popovski
214 прегледи

Сега ние реално имаме поголем дипломатски противник и по пари и по број на жители. Ова за нив е освоена територија во политичка смисла. Сега ако овој противник освоил територија 100:0, јас не знам како ќе се вратиме. Тоа е како да одиграте фудбалски натпревар со помоќни од вас, 85-та минута е, вие губите 4:0 и сакате да победите. тоа е невозможно, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу нашиот дијалог и спор со Бугарија.

Според него, не е можно да се победи во таква ситуација.

-Во овој натпревар, ова полувреме ова е резултатот. Треба да седнеме и да напраиме план за второто полувреме и на реваншот да победиме со 5:0, доколку можеме. Затоа е премногу, затоа се потребни предвремени избори, за да не губиме повеќе, рече Мицкоски во емисијата „Само интервју“.