224
Класичен геноцид пред очите на Европа и светот, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на Преспа форумот за дијалог, за впечатоците од неговата посета на Украина.
Тој во својот говор се осврна и патот на Македонија кон ЕУ.
-Ги исполнивме сите услови за влез, но поради историски и билатерални причини не можеме да пристапиме. ЕУ треба да одговори на прашањето каде денес оди Европа, поради билатералните прашања. Затоа во срцето на Европа, Германија и Франција се помирија пет години после Втората светска војна. Сметам дека истото треба да се случи и на самитот на ЕУ на 23-ти и 24-јуни, рече меѓу другото Џафери на официјалната воведна сесија на високо ниво „Што после војната во Украина?“.