Емил Рајковиќ на клупата на ЦСКА Москва?

од Nikola Popovski
273 прегледи

Руските медиуми изминативе денови пишуваа дека српскиот тренер Зоран Лукиќ е најголемиот кандидат за замена на Димитрис Итудис на клупата на ЦСКА, но московјаните се на чекор до договор со нашиот Емил Рајковиќ.

Со ова, Емил Рајковиќ, тренер кој во последната сезона одлично го водеше Автодор од Саратов, ќе добие големо признание за својата повеќедецениска работа.

Само промоција го дели Рајковиќ од најголемиот ангажман во кариерата, пишува српски „Данас“.

Тоа што ЦСКА следната сезона нема да учествува во Евролигата нема да ја намали важноста на доаѓањето на Рајковиќ.

Емил Рајковиќ е прогласен за најдобар тренер на ВТБ лигата во 2019 година, кога од клупата ја водеше Астана. На балканската кошаркарска публика и е најпознат како тренер на МЗТ Скопје во АБА лигата во сезоната 2016/17.

Претходно Рајковиќ го водеше полскиот Шлонск, а подоцна и Стал, па Астана, а од 2019 година седеше на клупата на Автодор.

Слични содржини