Украина треба сама да одлучи дали ќе прифати какви било територијални отстапки за Русија со цел да се стави крај на војната, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за телевизијата TF1 за време на денешната посета на Киев.
„Ова зависи од Украина да одлучи“, рече Макрон, одговарајќи на прашањето кои отстапки, вклучително и на нејзината територија, Украина треба да ги прифати, пренесува „Ројтерс“.
Францускиот претседател изјави дека Франција и Германија нема да водат разговори за примирје со Русија наместо Киев и дека Украина и нејзиното раководство треба да одлучат кога и под кои услови ќе ги продолжат разговорите со Москва.