Компанијата Coca-Cola објави дека го запира производството и продажбата на пијалоци во Русија.
„Кога ќе се потрошат резервите на компанијата, Coca-Cola повеќе нема да произведува и продава Coca-Cola или други брендови на компанијата во Русија“, се вели во соопштението на компанијата.
Во март, компанијата објави прекин на бизнисот во Руската Федерација, особено испораката на состојки за нејзините пијалоци за рускиот пазар.
Во мај извршниот директор на компанијата Џејмс Квинси призна дека компанијата може да ја напушти Русија, потсетува „Интерфакс Русија“.
Да потсетиме, прво, француската автомобилска компанија „Рено“ објави продажба на својот удел во руската компанија АвтоВАЗ на Рускиот научен институт (практично е подарок, имајќи предвид дека трансакцијата е во вредност од 1 рубља).
Веднаш потоа се огласи и американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ кој објави дека започнал процес на продажба на својот бизнис во Русија по 30 години бизнис во таа земја.