Украинците тврдат дека во петокот ракети погодиле руско пловило кое превезувало војници, оружје и муниција до окупираниот Змиски остров во областа Одеса, објави регионалниот гувернер.
Киев објави дека пловилото било погодено со две ракети Харпун, што е првпат Украина да потврди дека погодила руски брод со проектили од западно производство.
Дирекцијата на украинските вооружени сили за стратешки комуникации ја објави оваа информација на Телеграм заедно со видео.
Василиј Бек бил дел од Црноморската флота
„Ројтерс“ јавува дека не може да ја потврди снимката од независни извори.
Регионалниот гувернер Максим Марченко изјави дека станува збор за бродот Василиј Бек.
Украинската поморска команда соопшти дека бродот имал противракетен систем ТОР, но не успеал да го запре нападот.
Тимот во објава на Фејсбук напиша дека Василиј Бек е дел од руската Црноморска флота од 2017 година.