Шпанските медиуми го открија идентитетот на девојката која ја уништи врската на омилениот естраден пар. Според нив, се подготвува жестока борба за старателство над двата сина кои ги имаат Пике и Шакира.
Ако е точно она што го пишува таблоидот Informalia, љубовницата на Пике има 22 години, и е родена Каталонка.
Шпанските новинари понатаму наведуваат дека тој ја запознал фаталната студентка во ноќен клуб во Барселона каде таа работела како келнерка. Овој весник пишува и дека Пике повеќе не ја крие оваа врска и дека веќе ги запознал сите свои пријатели со неа.
Да потсетиме, Шакира според првите гласини го фатила својот невенчан сопруг во кревет со љубовницата, а дека тоа не е далеку од вистината потврдуваат и информациите со кои располага Informalia. Авторката на текстот наводно има цврсти докази дека пејачката неодамна ангажирала приватен детектив кој ги потврдил нејзините сомнежи за неверството на Пике.
Шакира подготвува брутална одмазда
Понатаму, во овој весник се наведува дека Шакира нема намера да му прости на Пике за предавството и дека до последен здив ќе се бори за целосно старателство над нивните синови, како и дека ќе бара огромна финансиска отштета.
Се наведува и дека пејачката веќе пронашла тим од најдобрите адвокати.