Адвокатот на поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, Лоренц Ерни, побара тој да биде ослободен во случајот за корупција, за што го обвинува поранешниот претседател на Европската централа (УЕФА) Мишел Платини.
Случајот го води Федералниот кривичен суд во Белинцона, Швајцарија, а покренато е и обвинение за измама, бидејќи во 2011 година поранешниот капитен на француската репрезентација добил 2 милиони швајцарски франци од ФИФА за неговата работа како консултант на организацијата во периодот 1998 – 2002 година.
Блатер и Платини веќе се санкционирани од двете спортски организации, но адвокатот тврди дека уплатата била целосно за консултантски услуги и нема друга причина за префрлање на парите.
Во средата швајцарското обвинителство побара условна казна од една година и осум месеци за двајцата обвинети.
Пресудата се очекува на 8 јули.