Искрено жалам што Македонија како најзасегната страна во спорот нема информации за францускиот предлог. Сметам дека една одговорна дипломатија треба да го знае костурот на овој предлог. Треба да има некакви информации и да се запознае македонската јавност како е дојдено до таков предлог, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Митева „жали што сите се информираме од бугарските медиуми“.
-Како партија, кажувавме дека ние последни сме информирани или дознаваме работи од медиумите, што не би требало да биде случај. Доколку би имале добра надворешна политика, немаше да има нарушени преговарачки позиции, можеби ќе беше спротивна состојбата и можеби ќе знаевме што се зборува меѓу земјите-членки на ЕУ. Жалам што како македонска јавност немаме информации од нашата влада, рече Митева во емисијата „Само вистина“.