До 2019 година имавме многу стар Закон за енергетика кој ги немаше инкорпорирано обновливите извори.Според Законот за енергетика, воведен е нов начин на инвестирање во обновливи извори на енергија со воведување таканаречен „потрошувач-производител“, информираше министерот за економија Крешник Бектеши во своето гостување во Утрински брифинг.
-„ЕВН хоум“ како универзалниот снабдувач што 100-проценти ги снабдува домаќинствата, ќе има обврска да им овозможи на сите домаќинства што сакаат да инсталираат фотоволтаични панели, да инсталираат и броило со влез и со излез на струја. Притоа, за разлика од досега кога инсталираната моќност на овие панели беше 4 киловати, сега е 6 – сè со цел да биде поатрактивно и поисплатливо инвестирањето, а тоа е овозможено и за микро и за мали претпријатија, кои сега ќе може да инсталираат фотоволтаици со моќност од 40 киловати, место од 20.Во практика, ако едно домаќинство има потреба од 2 киловата, разликата до инсталираните 6 ЕВН ќе има обврска да ги преземе, а потоа по иста цена по која таа го презела вишокот, има обврска и да му го испорача на корисникот, тогаш кога тој ќе побара, или финансиски да се порамнат. Порамнувањето ќе се врши еднаш во шест месеци, појасни министерот.
Од Владата информираа дека се создаваат услови за максимално искористување на сите капацитети за зголемено производство на електрична енергија, вели пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ.
Пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ посочува дека во измената на Правилникот за обновливи извори на енергија од страна на Министерството за економија.Со овие измени се овозможува граѓаните и компаниите да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија.
-Се зголемува и ограничувањето на инсталирана моќност од досегашните 4 киловати на 6 киловати за домаќинствата, додека кај малите потрошувачи, буџетски корисник и единка корисник максималната инсталирана моќност се зголемува од 20 на 40 киловати.Владата предводена од СДСМ ќе го поттикне поставувањето на фотонапонски панели преку субвенции за набавка и поставувањето на панелите во висина до 30 отсто но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство, посочува Коциќ.
Пратеникот посочува дека за оваа мерка од Буџетот се предвидени 60 милиони денари.
-Во време на светска енергетска криза отвораме можност секој покрив на семеен дом, компанија или јавен објект да стане електрана и со тоа да се зголеми домашното производство на електрична енергија, а истовремено се намалат сметките за струја.Покрај оваа мерка, во ребалансот на буџетот се предвидени и дополнителни средства за инвестиции во енергетиката за што апелираме до сите колеги пратеници тој да биде усвоен што побрзо, вели Коциќ.