Кличко: Руските војници умираат за амбициите на Путин

од Берта Китинска
180 прегледи

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека руската јавност на крајот ќе сфати дека, како што истакна, нивните млади војници гинат за ништо друго освен за амбициите на рускиот претседател Владимир Путин.

Поранешниот боксерски шампион тоа го изјави за Би-би-си за време на погребот на познатиот антикорупционер Роман Ратушни (24), кој беше убиен во Изум, во областа Харков на 9 јуни.