Шолц: ЕУ мора да го олесни пристапот на нови земји

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Европската унија треба да им го олесни пристапот на новите земји, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за ДПА.

„Време е не само земјите кандидати, туку и самата Европска унија да се подготви за проширување на клубот“, рече Шолц.

Тој ја истакна потребата од модернизација на структурите и процесите на донесување одлуки на ЕУ.

„Нема да може да се реши се, кое денеска се решава со едногласност, повторно со едногласност и во иднина“, изјави канцеларот.

Тој рече дека се надева дека ќе ги претстави своите предлози на самитот на ЕУ во четврток и петок, на кој ќе се разговара за кандидатурите на Грузија, Молдавија и Украина.

Слични содржини